Синот на вториот возач на автобусот за БНТ открива: Татко ми спиеше во кабината, бев во Софија и го препознав телото

Кадрим Мемеди
Кадрим Мемеди со репортерот на БНТ / Фото: Бугарска национална телевизија

Репортерите на Бугарската национална телевизија БНТ го пронајдоа синот на вториот возач на автобусот кој во моментот на трагичната сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ спиел во специјалната кабина за одмор на возачите, во средишниот дел на автобусот.

Телевизијата открива дека Кадри Мемеди е името на вториот возач, а неговиот син Бесар ексклузивно за БНТ изјави дека телото на неговиот татко било пронајдено во кабината за спиење. Не возел, но не е потврдено. Синот бил во Бугарија за да го препознае телото и се вратил дома.

Неговиот татко имал 54 години, со над 20 години искуство. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите. Автобусот бил технички исправен, вели неговиот син.

Бесар тврди дека „Беса Транс“ има сервис и во Турција. Неговиот татко заминал во четвртокот, а во петокот веќе бил во Турција.

Кадри во петокот оттаму му се јави на синот. Во автобусот не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства, ниту со гориво.

Автобусите беа стари 3 години и технички исправни.

БНТ јавува дека на списокот од болницата Пирогов како згрижен на одделението за трауматологија фигурира извесен Шади Салех, кој не е на списокот на патници на „Беса Транс“ за кој „никој не знае кој е и каде се качил во автобусот“, констатира новинарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот