Сингапур, Париз и Хонг Конг го делат првото место меѓу најскапите градови во светот

Откако беше осамен на врвот на светската листа според трошоците за живот на „Economist Intelligence Unit“ во период од пет години, кон азискиот град се приклучија Париз и Хонг Конг, за да го делат првото место.

Цирих и Женева ги формираат Топ 5, а Њујорк и Лос Анџелес се вратија меѓу првите десет, заземајќи го 7-то и 10-то место, откако минатата година забележаа пад до 13-то и 14-то место заради слабиот долар.

Истражувањето се спроведува за да им помогне на компаниите да ги пресметаат трошоците за живот и да создадат пакети за надомест за странските вработени и бизнис патниците, потсетува „Bloomberg“.

Животот во трите града кои го делат првото место е за 7% поскап од оној во Њујорк, посочува „EIU“ која ја составува листата, а се базира на студија на 160 производи и услуги во 93 земји.

Јапонскиот крајбрежен град Осака е друго име кое се враќа на првите десет, исто така делејќи го петто место заедно со Женева. Сеул и Копенхаген, кои ја делат 7-та позиција со Њујорк, и Тел Авив (10) го формираат првите десет што реално се состои од 11 града поради усогласените позиции на некои од нив.

– Послабите локални валути влијае на сите пет австралиски и двата новозеландски градови да забележат пад на листата“, велат од „EIU“, со што го објаснува недостатокот на Сиднеј во Топ 10, откако минатата година беше токму на 10-то место.

Надвор од првите 10, „EIU“ вели дека трошоците за живoт во кинеските градови остануваат прилично стабилни, а дестинациите во Јужна Азија се движат нагоре.

Еден од факторите што стојат зад силните перформанси на Азија е тоа што некои азиски градови се меѓу најскапите места за купување храна како целина, според „EIU“.

Но, иако некои делови од Азија остануваат најскапи места во светот, континентот, исто така, зазема многу позиции на крајот од рангирањето.

– Во Азија, најдобрата вредност на парите традиционално се гледа во градовите од Јужна Азија, особено во Индија и Пакистан“, велат од „EIU“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот