Аница Китаноска во Музејот на град Скопје

Синергија помеѓу мозаикот и сликарството носи самостојната изложба „Скаменети потези“ на Аница Китаноска во МГС

По успешната самостојна изложба во Куќата на Уранија – МАНУ во Охрид во август, од 8 до 22 октомври во Музејот на град Скопје (МГС) е отворена изложбата „Скаменети потези“- синергијата помеѓу мозаикот и сликарството на уметницата Аница Китаноска.

Поставката ја истражува синергијата помеѓу сликата и мозаикот, каде истиот мотив се преобразува во различни форми и медиуми. Овој дијалог создава простор за споредба, интроспекција и согледување на слоевите на фрагментот и целината.

– Гледачот може да види како истата идеја се артикулира низ различни техники, и како делот и целината коегзистираат во едно визуелно искуство – објаснува авторката.

Кураторката Гордана Велков додава дека поставката „го издига мозаикот од рамката на чиста декорација и го става во сфера на размислување, каде секој потег носи емотивна и аналитичка длабочина, а секој фрагмент ги активира сетилата и мислата на гледачот.“

Аница Китаноска (р. 2000, Вевчани) е визуелна уметница од новата генерација што го обновува мозаикот во современата уметничка сцена. Дипломира и магистрира во Академијата за ликовни уметности во Равена, Италија, специјализирајќи современ мозаик.

Нејзините дела се изложувани во „Rijksmuseum“ (Амстердам), Франција, Скопје, Равена, Карара и тн. Добитничка е на Националната награда за уметност PNA (Италија, 2023) и член е на ДЛУМ и на Интернационалната асоцијација за мозаик MARTE.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот