Синдикатот на УПОЗ и Владата повторно на средба, во фокус барањата за зголемување на платите

Влада на РСМ / фото: Драган Митрески - Слободен печат

Синдикатот на УПОЗ и претставници на Владата попладнево ќе одржат втора средба на која повторно ќе ги дискутираат барањата на вработените во судската и јавнообвинителската служба кои бараат зголемување на платите за 78 проценти и исплата на додатоците за плата.

Минатата недела се одржа првата средба која заврши без конкретен договор. По средбата, претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски изјави дека очекуваат конкретен предлог од Владата на следната средба.

– Се договоривме наредната недела да се достават уште неколку податоци, особено за судовите. Тоа ќе го направи Министерството за финансии. Ќе се сретнеме во вторник или во среда уште еднаш за да видиме дали од спротивната страна ќе добиеме конкретна понуда за нашите барања, изјави тогаш Деаноски.

Штрајкот на судската администрација, според најавите на Синдикатот на УПОЗ, ќе трае додека не добијат одговор од Владата. Дотогаш, ќе се работат само итните случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот