Симон Трпчески на 13 јануари ќе го изведе „Македонисимо“ во Монте Карло

Фото: Instagram / simontrpceski

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески концертната сезона ја продолжува на 13 јануари кога во салата „Рение Трети“ во Монте Карло заедно со своите пријатели ќе го изведе „Македонисимо“.

Трпчески со колегите Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев продолжуваат со претставувањето на проектот базиран врз традиционалната македонска музика, чии транскрипции, по идеја на Трпчески, ги напиша композиторот Панде Шахов.

Со овој настап македонскиот пијанист го продолжува своето гостување како резиденцијален артист на Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, во чии рамки е предвидено да одржи 4 концерти во тековната сезона 2023/24 година.

Првиот беше заедничката изведба на Вториот концерт за пијано и оркестар од Рахманинов во минатиот октомври, а по саботното гостување, како што информира „КултурОп“, остануваат уште две концертни вечери со различна програма до крајот на пролетта.

По највисоките оценки од „Тајмс“ и „Грамофон“, 5 ѕвездички за изведбата и одлична рецензија на новиот двоен албум снимен за британската етикета „Лин Рекордс“ на кој Симон Трпчески е повторно обединет со романскиот диригент Кристијан Мачелару и Симфонискиот оркестар на WDR од Келн, Германија, во изведбата на двата концерта за пијано и оркестар од Јоханес Брамс, во своето издание за јануари 2024 година, објави и престижниот музички магазин на „Би-би-си“.

Овој албум на Трпчески е кандидиран за најдобра концертна изведба на Германските дискографски награди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот