„Симфонија на светлината“ ќе го замени новогодинешниот огномет во Хонгконг кој сега е ризик за безбедноста

Фото: EPA-EFE/ALEX HOFFORD

Новогодишниот огномет во Хонгконг првпат во една деценија ќе биде откажан, поради шестмесечните протести кои го зголемуваат безбедносниот ризик, соопшти туристичката заедница на територијата.

Инаку, огнометот привлекува илјадници жители и туристи во пристаништето Викторија, а одбројувањето до Нова година се пренесува во поголем дел од светот.

Протестите во поранешната британска колонија, поттикнати од контроверзниот закон за екстрадиција, кој во меѓувреме беше повлечен, нанесоа штета на туризмот и малопродажниот сектор. Неколку реномирани културни и спортски настани се откажани во последните месеци.

Огнометот ќе биде заменет со мултимедијалната „Симфонија на светлината”, вклучувајќи проекции што ќе бидат прикажани на полноќ на највисоките градски облакодери.

Фасадата на конгресниот и изложбениот центар во Хонгконг ќе се претвори во џиновски часовник што ќе одбројува до почетокот на новата година. Помали пиротехнички средства ќе бидат дозволени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот