Плакат за изложбата „Фото-графички експерименти“

Симболичната врска помеѓу фотографијата и графиката е прикажана на изложба во Францускиот институт

Во Францускиот институт во Скопје на 7 ноември, во 18 часот, ќе биде отворена изложбата со наслов „Фото-графички експерименти“. Изложбата ја прикажува симболичната врска помеѓу фотографијата и графиката како медиуми за визуелна естетика и раскажување приказни.

Станува збор за проект создаден од двете уметници Ана Трајковска и Јана Луловска, што премиерно беше прикажан на настанот „Отворено ателје“ во рамките на нивниот двомесечен престој во престижната институција „Cité internationale des arts“ во Париз.

„Фото-графички експерименти“ е уметнички спој на фотографија, графика и инсталација и претставува омаж на суштината на Париз низ призмата на колаборативната уметност, која повикува на размислување за невидливите слоеви на градот, скриени под површината.

Станува збор за дела во кои, низ уникатен пристап, двете уметници ги истражуваат безвременските културно-историски знаменитости и архитектурата на Париз, како спој на минатото и сегашноста.

Францускиот институт во Скопје ја поставува изложбата по нејзината париска премиера, а во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од своето постоење. Изложбата ќе биде отворена за посета до крајот на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот