Сиљановска-Пармелан: Историска средба за посилни билатерални односи и европска перспектива
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја оцени како историска денешната прва официјална посета на швајцарски претседател на земјава, по средбата со нејзиниот колега Ги Пармелан.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Оваа посета, според Сиљановска, претставува значаен сигнал за важноста која Швајцарија му ја дава на Западен Балкан, но и поттик за унапредување на билатералните односи со Македонија. Таа рече дека швајцарскиот модел е инспиративен пример за демократија, со развиена партиципативна култура, локална самоуправа и механизми на директно учество на граѓаните.
„Зошто е за нас важна, затоа што се работи за еден успешен пример на мала федеративна повеќејазична држава, во која разликите се надминуваат со знаење, со граѓански капацитет, со компететност и, се разбира, со постојана активност. Констатиравме дека бележиме напредок во дијалогот. Зошто? Затоа што тој е заснован на почит и имаме намера да продолжиме во ист дух, особено во рамките на ОБСЕ, бидејќи во овие тешки времиња, како што знаете, Швајцарија застана на чело на ОБСЕ. Но исто така и во Обединетите нации и исто така и во Советот на Европа. Мирот и безбедноста ни се главните заложби и многупати сум рекла дека за малите држави, решението е мултирателаризмот“ рече Сиљановска.
Претседателот на Швајцарија, Пармелан, изрази жалење што долго време се чекало за првата посета на Швајцарија во Северна Македонија, но, како што рече, може да се гледа и на оваа посета како на знак за добар развој на односите во неколку одминати години.
„Швајцарија и Северна Македонија се земји обележани со долгогодишна традиција на фурикултуралност. Тоа значи дека нашата заедничка соработка, разговор и дијалог, се силни, нашите земји се осудени на некој начин да се борат за нивниот пат и постоење во Европа. Ние исто така сме поврзани и со Кочани и Кран Монтана. Поврзани сме и со овие две несреќи. Сакам да ве потсетам и да ѝ се заблагодарам на Северна Македонија поради солидарноста и великодушната понуда на помош и солидарност. Таа солидарност ни даде сила да ги надминеме овие страшни трагедии. Досега нашите билатерални односи биле одбележани со програмата за соработка на Швајцарија и присуството на силната дијаспора од Сверна Македонија во Швајцарија, која ја засилува културната разноликост во мојата земја“ рече Пармелан.
Претседателот на Швајцарија истакна дека е среќен и чест му е што оваа соработка може да се продлабочи во делот на економијата, инвестициите и иновациите. Потенцира дека Швајцарија придава огромна важноста на мирот и стабилноста во Западен Балкан.
„Овој регион е приоритет за нашата надворешна политика и среќен сум што гледам дека земјите во овој регион станаа посигурни во себе и постабилни во изминатите години, еве европската интеграција, како што рече претседателката, останува одлучен фактор за мирот и просперитетот во Западен Балкан. Швајцарија одблиску ги следи европските перспективи на овие земји и ги поддржува во мера која е наш интерес. Швајцарската програма за соработка, која во моментот е предвидена до 2028 година со буџет, има цел да ја поддржи Северна Македонија во патот кон европската интеграција“ рече Пармелан.
Тој денеска ќе има средби и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.


