Сидни Свини - Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Сидни Свини негираше дека имала пластични операции: „Не поднесувам игли, никогаш ништо немам направено на себе“

Сидни Свини, во ново интервју, негираше дека некогаш имала било какви пластични операции. Во разговор за магазинот „Варајати“ таа појасни дека никогаш не отишла „под нож“.

„Никогаш ништо немам направено, не поднесувам игли, немам ниту тетоважи. Апсолутно ништо. Планирам да стареам достоинствено“, изјави актерката.

Свини се осврна и на коментарите за нејзиниот изглед и споредбите со тоа како изгледала кога била девојче.

„Тоа е смешно. Се разбира дека ќе изгледам поинаку — сега сум постара 15 години и се шминкам“, рече таа.

Актерката зборуваше и за притисоците со кои се соочувала на почетокот на својата кариера.

„Некој ми рече дека морам да си го средам лицето за да успеам, дека треба да ставам ботокс. Имав само 16 години“, откри Свини.

Таа зборуваше и за тоа како јавноста ја перципира, нагласувајќи дека луѓето често ја етикетираат како „секс-симбол“.

„Глумев многу контроверзни ликови, и мислам дека многумина веруваат дека ме познаваат, а всушност не е така. Кога луѓето ќе помислат: ’Ах, таа е секс-симбол‘ или ’таа тежнее кон тоа‘, јас велам: ’Не, само се чувствувам добро и силно.‘ Се надевам дека можам да ги инспирирам другите жени да бидат самоуверени, да го покажат она што го имаат и да се чувствуваат добро, затоа што не треба да се извинуваат или да се кријат“, порача Свини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот