Си заминува Генералниот директор на Факом

Генералниот директор на Факом АД Скопје, д-р Златко Симоновски од почетокот на овој месец повеќе нема да ја врши оваа функција, објави компанијата.

Согласно член 33 од Правилата за котација, компанијата ја известува јавноста дека на ден 30.07.2019 година, спогодбено предвремено е раскинат Договорот за уредување на односите помеѓу Факом АД Скопје и Престедател на Управниот одбор-генерален директор д-р Златко Симоновски од една страна и Претседателот на Надзорен одбор на Факом Ад Скопје г-дин Минчо Јорданов од друга страна.

Спогодбата бр.11-03/4983 е основ за престанок на работниот однос на Златко Симоновски заклучно до 01.08.2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот