Си на средба со делегација американски сенатори

Си Џинпинг / Фото EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска се сретна со делегација сенатори од САД, предводена од лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер, јавија странските агенции.

Во последниве месеци, Кина и Соединетите Американски Држави, кои се спротивставени по низа прашања, го обновија дијалогот преку серија посети на високи американски функционери во Пекинг со цел да се обидат да ги намалат разликите.

Односот меѓу Пекинг и Вашингтон е од клучно значење за иднината на човештвото, нагласи кинескиот претседател.

„Односите меѓу Кина и Соединетите Американски Држави се најважни во светот. Како Кина и САД се согласуваат во еден свет опфатен со немири ќе биде одлучувачко за иднината и судбината на човештвото“, му рекол Си на Шумер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот