33.8 C
Скопје

Си-Ен-Ен: Можно е хакерите кои го изведоа нападот врз „Колонијал гасовод” да се поврзани со Русија

Хакерите кои стојат зад кибер нападот врз најголемата американска гасоводна компанија „Колонијал гасовод”, можеби се поврзани со Русија. Ова го јави Си-ен-ен, повикувајќи се на извори меѓу поранешните вработени во американската администрација, кои работеле во областа на кибер безбедноста.

Претходно беше соопштено дека група напаѓачи кои се нарекуваат DarkSide можно е да стојат зад нападот. Според Си-ен-ен, групата потекнува од Русија. Според извори на телевизијата, хакерите вклучени во неа не вршат напади во земјите каде се зборува руски јазик.

Во исто време, Блумберг јави дека DarkSide, организиран минатото лето, можно е да е поврзан и со Русија и со источноевропски земји.

Од друга страна, американската телевизија Ен-Би-Си наведува дека нападот бил извршен од „криминална шема” и не бил инициран од руските власти.

Си-Ен-Ен истакнува дека во врска со кибер нападот, што резултираше со исклучување на гасоводот што обезбедува гориво за 45 отсто од населението на источниот брег на САД, американските власти создадоа меѓусекторска група специјалисти. Тие ќе се справат со спречување на нарушувања во снабдувањето со гориво.

Блумберг претходно предупреди дека нападот врз „Колонијал гасовод” може да доведе до нарушувања во снабдувањето со гориво за САД, како и до зголемување на цените на бензинот на највисоко ниво во последните седум години.

Според соопшѓтение на компанијата, кибер нападот против нејзините системи бил извршен со помош на вирус за уцена. Тоа е вирус кој кога ќе влезе во компјутерски систем привремено го блокира неговото работење и криптира податоци се додека жртвата на кибер нападот не ја плати износот што го бараат уценувачите. Според информациите во американските медиуми, како резултат на нападот, криминалците добиле до 100 гигабајти податоци. Среде инцидентот, компанијата беше принудена да го прекине работењето.

Поврзани вести

МЖСПП: Концентрацијата на ПМ 10 честичките во текот на вчерашниот ден е надмината на речиси сите мерни места

Слободен печат

Булеварот „Цветан Димов” ќе се прошири на шест коловозни ленти, определени објекти ќе се урнат

Слободен печат

Колев за БГНЕС: МИА и МРТ користат говор на омраза насочена кон Бугарија

Андреја Ристески

Пукотница во Нови Сад: Ранет е маж, напаѓачот е уапсен

Слободен Печат

„Политико“: На сите им е преку глава од ставот на Бугарија, губи пријатели со голема брзина и го дестабилизира Западен Балкан

Слободен печат

Андов за Слободен печат: Промена на химната е предизборен маркетинг, и тоа не е приоритет

Дестан Јонузи

Остави Коментар