Швеѓаните на маки: Два месеци се подготвувавме за Чешка, а сега ќе играме со Македонија

фото: твитер

Ракометната репрезентација на Македонија во последен момент стана учесник на Светското првенство во Египет кое започнува денеска, откако Чешка мораше да го откаже настапот поради преголем број на заболени ракометари на коронавирус.

Оваа промена во последен момент им донесе огромни главоболки на Швеѓаните кои се прв противник на нашите ракометари (утре 20.30 часот). Иако и Швеѓаните во Египет допатуваа без девет ракометари кои се позитивни на коронавирус, тие подготовките ги одработија подготвувајќи тактика за Чешка, но утревечер ќе играат против Македонија.

– Ова е проблем, секогаш најмногу се анализира првиот противник, па ние два месеци се подготвувавме за Чешка. Дојдовме овде во Каиро знаејќи дека ќе играме со Чешка, а потоа два часа подоцна дознаваме дека ќе играме со Македонија. Сега имаме помалку од два дена за да се подготвиме за овој ривал. Знаеме дека офанзивно е поквалитетен од Чесите, но ќе треба добро да го изанализираме и да се подготвиме – изјави шведскиот селектор Глен Солберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот