Шведската здравствена агенција до Владата: Одложете го олеснувањето на ограничувањата за еден месец

Фото: EPA-EFE/Claudio Bresciani SWEDEN OUT

Шведската здравствена агенција се обрати со барање до Владата за одложување на планираното олеснување на некои ограничувања насочени кон забавување на ширењето на ковид-19 за речиси еден месец, бидејќи земјата се соочува со трет бран на вирусот.

Шведската агенција претходно предложи некои ограничувања да бидат укинати од 11 април, како ограничување на бројот на посетители на забавни паркови, концерти и фудбалски натпревари на само осум лица.

– Ширењето на ковид-19 се забрзува, што резултира со зголемен товар на здравствената заштита, нагласува здравствената агенција во соопштение.

– Шведската агенција за јавно здравје предлага датумот кога може да се отворат одредени активности да се одложи за 3 мај, под услов состојбата со инфекцијата да се подобри, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот