Шведска маса во три наутро, гитара на замрзнат брег – Ова се најбизарните барања на сопствениците на суперјахти – Слободен печат
ВестиПланета

Шведска маса во три наутро, гитара на замрзнат брег – Ова се најбизарните барања на сопствениците на суперјахти

Работниците на суперјахти со „Бизнис Инсајдер ги“ споделија некои од најчудните барања кои ги добивале од сопствениците или пак од гостите, од најсмешни до најесктремни.

Работата на суперјахти за најбогатите луѓе на светот не е ниту најмалку гламурозна работа каква што може да ви изгледа на прв поглед.

Се работи напорно во поголемиот дел од денот, а сопствениците имаат посебни барања за вработените.
Кога луѓето плаќаат милиони за управување со јахта, тие очекуваат за тие пари да добијат се што ќе посакаат.

Работниците на суперјахти со „Бизнис Инсајдер ги“ споделија некои од најчудните барања кои ги добивале од сопствениците или пак од гостите, од најсмешни до најесктремни.

Сателитски сигнал

Поранешен капетан на јахта, Мишел, работел за сопственик на еден НБА клуб кој многу сакал да гледа како неговиот тим игра во финалето.

– Проблемот беше тоа што бевме во близина на Хондурас без никаков сигнал. Сопственикот плати десетици илјади долари за да ни обезбеди сигнал за време на натпреварот, но и натаму не успеа да го изгледа мечот. Единствен кадар кој успеа да го види е како неговата мајка во публиката седи покрај Стиви Вондер – изјавил тој.

Играчки за плажа

Ник работела на суперјахта која ја изнајмиле гости кои едноставно не можеле да замислат добра забава без гумени играки за плажа.

– Во осум навечер ни даваа список со играчки кои сакаат да ги имаат следното утро. Ни требаа околу шест часа и еден изнајмен автомобил за да им ги набавиме – раскажува таа.

Куфер

Сопствениците на суперјахти знаат да заборават некои работи, но за разлика од повеќето луѓе, тие имаат начин да го добијат она што им е потребно, без разлика на тоа каде се наоѓаат. Еден сопственик на суперјахта им наредил на членовите на екипажот да прелетаат 4.000 километри со бизнис класа за да му го донессат куферот кој го заборавила неговата жена.

Бонбони

Некои барања се повеќе заморни отколку екстравагантни. Една работничка открила дека шефовите и наредиле од огромен сад со бомбони да ги извади сите кои се расипани.

Гитара на замрзнат брег

Еден работник пријавил дека сопственикот барал хеликоптер за да отиде на партија голф, но и дека за време на крстарење по Арктикот барал да се запре јахата бидејќи сакал да свире гитара на замрзнат брег.
Шведска маса во три наутро

Работата кувар на јахти секогаш зависи од туѓиот апетит и вкус. Една куварка открила дека била замолена да направи шведска маса во три наутро.

„Невидливи“ проститутки

Секој работник на луксузна јахта знае колку е важна дискрецијата. Еден од нив открил дека најекстремно барање кое го добил било тоа кога член на екипажот побарал од него да го држи погледот надолу и да се прави дека не постојат проститутки во топлес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close