Шведска ја прекина вакцинацијата со „Модерна” на помлади од 30 години

Вакцина „Модерна“ / Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT
Шведска нема да ја користи вакцината на „Модерна” против Ковид-19 за луѓе родени во 1991 година и порано, по извештаите за можни ретки несакани ефекти како што е миокардитис, објави денеска Институтот за јавно здравје.
Шведскиот институт соопшти дека податоците укажуваат на поголема инциденца на миокардитис (воспаление на срцевиот мускул) и перикардитис (воспаление на слузницата на срцето) кај младите луѓе кои биле вакцинирани.
„Врската е особено јасна во случајот со вакцината на Модерна, особено по втората доза”, се вели во соопштението.
Сепак, се додава дека ризикот од миокардитис и перикардитис е многу мал.
Институтот сега за оваа возрасна група ја препорачува вакцината на „Фајзер/Бионтек”.
Претходно оваа недела, Шведската агенција за јавно здравје објави дека децата на возраст од 12 до 15 години можат да примат само вакцина „Фајзер”.
Европската агенција за лекови ја одобри „Фајзер” во мај, а „Модерна” за деца над 12 години во јули.
Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот