Што значат високите вредности на Д-димер во вашата крв?

Фотографија: Profimedia

Во услови на глобална пандемија, кога сѐ поголем е бројот на оние кои прележале ковид-19 или имаат активна инфекција, сигурни сме дека сте го сретнале терминот Д-димери. Доколку не ви е сосема јасно, од клиниката „Жан Митрев“ ни даваат корисни информации: Кога се појавува? Кои се нормални, а кои покачени вредности? Како да се влијае на негово намалување?

Д-димерите покажуваат вредности поврзани со разградување на тромб во организмот. Во таков случај, нивоата на Д-димер во крвта може да се зголемат.

Појавата на тромб, и со самото тоа покачување на вредностите на Д-димерите можат да бидат резултат на најразлични состојби. Тромб или тромбови претставуваат чепови од згрутчување на крвта, која може да се движи низ крвните садови и да блокира нормално функционирање на органите, предизвикувајќи нивно откажување. Во нормални услови кога ќе се исечеме на пример, телото реагира така што се активира коагулација т.е телото произведува тромбови – засирувања на крвта со цел да се запре крварењето.

Што значи висок Д-димер во контекст на ковид-19?

Ако резултатите покажуваат повисоки вредности од нормалното ниво на Д-димери, тоа значи дека имате нарушување на коагулацијата на крвта и можност за создавање на тромбови. Но тоа пак не прикажува каде е тромбот или каков вид нарушување на коагулацијата имате.

Кои се нормалните вредности на Д-димерот?

Нормалниот опсег за Д-димер е помал од 0,5mg/ml. Негативен резултат на тест со Д-димери значи дека многу веројатно нема да се формира тромб. Позитивен означува можност за формирање тромбови, кои потоа можат да се движат низ крвотокот и да блокираат органи. Затоа важно е во ваков случај да се примени терапија, која ќе го намали овој ризик.

Што значи тромб во белите дробови?

Белодробната емболија се јавува кога тромбот се сместува во пулмонална артерија и го блокира протокот на крв во дел од белите дробови. Згрутчувањето на крвта обично потекнува од нозете и се движи по десната страна на срцето и потоа се сместува во белите дробови.

Како се дијагностицира длабока венска тромбоза?

Доплер ултразвук е тест кој користи звучни бранови за генерирање на слики и испитување на протокот на крвта во вените. Доплерот може да открие блокади или згрутчување на крвта во длабоките вени. Тоа е стандарден начин на дијагностицирање на длабока венска тромбоза.

Како треба да се храните за да ја избегнете појавата на тромбоза?

Неколку природни разредувачи на крвта се: лук – оваа храна е корисна за спречување на згрутчување на крвта, бидејќи има својства што ги намалуваат коронарните ризици; кромид – пожелно е да се јаде сиров; ѓумбир; витамин Е; куркума; омега 3; црвено вино, вода.

Во составот на дијагностичкиот центар на клиниката „Жан Митрев“ работи современа биохемиска лабораторија каде што може да направите анализа на Д-димери. Информирајте се или закажете на телефон 02 309 1484.


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот