Што мислите, кое е идеалното место за секс според мажите?

Не станува збор ниту за спалната соба, ниту за кујната. Верувале или не, едно ново истражување кое било спроведено од страна на компанија за производство на презервативи ни покажува дека дури 73% од мажите потајно посакуваат секс под туш.

Иако можеби водењето љубов на кујнската маса или на мекиот тепих ви звучи секси, најмногу поради начинот на кој секс сцените на овие места се прикажани во филмовите, сепак голем дел од мажите тврдат дека сексот под туш е едноставно незаменлив.

Од друга страна пак, како ви изгледа сексот во тоалет во авион? Дури 62% од мажите попрво би одбрале секс под туш одошто во тоалет во авион, што изгледа за голем број жени е една од најголемите фантазии.

Кога подобро ќе размислиме, можеби опсесијата на мажите со сексот под туш и не е толку бесмислена… Вие секако би се туширале по односот, па зошто да не го направите тоа истовремено?

Мажите кои имале однос на ова место во домот тврдат дека тоа е создадено за страст и уживање, а дури 81% од нив би сакале повторно да го искусат. Кога станува збор за сезоната која е најидеална за оваа активност, 56% од нив се сложиле дека летото е дополнителен бонус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот