Што ќе каже Бен? Џенифер Лопез и Мет Дејмон се држат за рака на премиера на филм
Минатиот викенд во Торонто се одржа премиерата на филмот „Unstoppable“, а на тој проект заедно работеа поранешните сопружници Бен Афлек и Џенифер Лопез.
Меѓутоа, на премиерата внимание привлече моментот во кој Џенифер и актерот Мет Дејмон, кој е близок пријател на Бен, седат и се држат за рака додека разговараат.
Фотографите ги „уловиле“ додека Лопез му објаснувала нешто на актерот, а тој со наведната глава слушал што зборува таа. Интересен факт е дека Бен решил да ја прескокне премиерата и времето го поминал со децата.
Афлек го продуцира филмот кој ја следи приказната за Ентони Роблс, кој е роден без една нога и станал колеџ шампион во борење, натпреварувајќи се против училиштето кое претходно го одбило. Џенифер игра помала улога во филмот.
Мет е близок пријател на Бен и му даваше совети за бракот со пејачката и актерката. Нивното пријателство трае повеќе од 40 години, а во 1997 година постигнаа голем успех во филмскиот свет кога го добија Оскар за најдобро сценарио за филмот „Добриот Вил Хантинг“.