Што ги спојува Јани Нича и Вилма Рускоска?

Судијата од апелацискиот суд, Јани Нича, е еден од тројцата судии кои вчера ја донесоа одлуката за домашниот притвор на поранешната јавна обвинителка, Катица Јанева. По ваквата нивна одлука, со остра реакција се јави обвинителката Вилма Рускоска која најави дека ќе отвори финансиска истрага против нив. Судиите, пак, од своја страна, заканите на Рускоска ги протолкуваа како притисок врз судството, поради што закажаа и итен колегиум во Апелација.

Но што ги спојува Јани Ниџа и Вилма Рускоска?

Ниџа и Рускоска, доколку се вратиме десетина години наназад, ќе се потсетиме дека заедно работеа на случајот „тајвански кредити“ во кој еден од обвинетите беше Васил Тупурковски-Циле. Ниџа како судија во  Основен суд Скопје 1 и Рускоска како обвинител во случајот.

Јани Нича е судијата кој го осуди Тупурковски на 3 години затвор за злоупотреба на тајванските кредити како директор на Агенцијата за развој и инвестиции. Осуден во овој случај беше и Јован Андонов Реган, кој доби две години затвор. На двајцата им беше пресудено да ја надокнадат штетата од 2,5 милиони евра. Тупурковски, во жалбената постапка, ги оспори наводите во обвинението и пресудата за тоа како можел да злоупотреби средства од сметка на Стопанска банка за која не бил овластен да располага како и поради фактот што Агенцијата не била правно лице.

Тупурковски во жалбената постапка пред Апелациониот суд Скопје директно полемизираше со обвинителката Вилма Рускоска, а не со обвинителниот акт и пресудата, објавуваа тогаш медиумите.

Апелациониот суд, пак, ја укина првостепената пресудата на Основен суд Скопје 1. Пресудата донесена од страна на судијата Јани Нича беше укината поради утврдување на повреди во постапката. Жалбата на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција беше отфрлена како беспредметна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот