Фото: Freepik

Што е синдром на токсичен шок?

Синдромот на токсичен шок е ретка, опасна по живот компликација на бактериска инфекција. 

Овој синдром е резултат на токсините произведени од бактеријата Стафилококус (стаф) аериус (Staphylococcus (staph) aerius), но причината може да биде предизвикана и од токсини произведени од групата А Стрептококус (стреп) (А Streptococcus (strep)) бактерии. Болеста исто така може да биде предизвикана и од Стрептококус пиогенес (Streptococcus pyogenes), кој произведува два различни ендотоксини.

Може да биде фатален, па затоа е многу важно да се запознаете со сите факти. Синдромот на токсичен шок (СТШ) е ретка, опасна по живот бактериска инфекција, која доколку не се лекува навреме, може да доведе до сериозно оштетување на кожата и органите. Иако секој може да развие СТШ, дури и мажите и децата, околу 50 отсто од случаите се јавуваат кај жени за време на менструацијата.

Синдромот на токсичен шок честопати се поврзува со употреба на тампони, особено оние „суперапсорбирачките“. Меѓутоа, може да се појави и кај жени кои користат контрацептивна дијафрагма или кај жени кои родиле.

Добрата вест е дека ако овој синдром се препознае навреме и се лекува со антибиотици, постои голема шанса за закрепнување (иако оваа состојба може да се појави повторно по закрепнувањето).

За да се заштитите, многу е важно да умеете да ги препознаете симптомите на синдромот на токсичен шок, особено затоа што не постои посебен тест за утврдување на оваа состојба. Знаците вклучуваат треска (телесна температура над 38,9 степени Целзиусови), главоболка, несвестица или вртоглавица, како и осип по целото тело слично на црвенило од сонцето. Исто така, треба да се обрне внимание на повраќањето и/или проливот, болката и слабоста во мускулите, црвенилото на очите, грлото и вагината, како и збунетоста или дезориентираноста.

Ако имате менструација и забележите еден или повеќе од овие симптоми додека користите тампон, веднаш отстранете го и обратете се кај лекар. Не заборавајте дека овој синдром може да го добиете дури и ако не користите тампони, затоа секогаш реагирајте брзо ако почнете да се чувствувате лошо.

Постојат различни теории за поврзаноста на тампоните и синдромот на токсичен шок; ако носите еден тампон премногу долго, тој станува плодна почва за развој на бактерии, додека суперапсорбирачките тампони можат да ја оштетат вагината, па бактериите стигнуваат до крвта и предизвикуваат ендотоксичен шок.

Без оглед на причината, не смеете да заборавите да го менувате тампонот на секои три-четири часа, како и да го промените тампонот веднаш по пливање, бидејќи може да апсорбира бактерии од водата. Исто така, користете тампони во најмала големина што ви одговара. Премногу дебели тампони што не можат лесно да се вметнат во вагината може да ја оштетат внатрешноста.

Ако се прашувате што предизвикува заборавениот тампон, симптомите се:
– исцедок со непријатен мирис
– пролив
– гадење
– лупење на кожата

Ако се сомневате во синдром на токсичен шок, веднаш повикајте лекар, бидејќи е важно брзо да започнете со третман. Во спротивно, не живејте во страв, доволно е да бидете свесни за ризиците и да знаете на што треба да обрнете внимание.

Синдром на токсичен шок – симптоми

Почетокот на синдромот на токсичен шок е нагол. Инфекцијата напредува бавно, но штом бактериите напредуваат, тие предизвикуваат ненадејни симптоми.

Можните симптоми и знаци на болеста вклучуваат:
– ненадејна висока температура
– низок крвен притисок
– повраќање или пролив
– осип сличен на изгореници, особено на дланките и стапалата
– збунетост
– болка во мускулите
– црвенило во очите, устата или грлото
– напади
– главоболки
– оштетување на црниот дроб
– оштетување на бубрезите

Поблагите случаи на болеста се чести, што вклучува благи симптоми и побрзо заздравување. Синдромот на токсичен шок, кој не се лекува може да доведе до посериозни последици како што се откажување на органите, а на крајот и до смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот