
Што да правиме со лековите со поминат рок и дали болката се лекува? Утре во „Слободен печат?
Што е болка и како се лекува? Какви типови болки постојат и дали освен со таблети се лекуваат на друг начин? Дали се третира болка кај пациенти болни од канцер кои се во терминална фаза и како? На оваа тема утрово во емисијата „Слободен печат“ разговараме со доктор Татјана Спировска, специјалист по анестезиологија и реаниматологија и раководител на „Центарот за болка“ во приватната болница „Аџибадем-Систина“.
Препорачано
Каде завршуваат лековите со поминат рок од домаќинствата? Никој од нас не знае што да прави со нив и најчесто ги фрламе во корпа за отпадоци со останатото ѓубре. Во соседството и во развиените земји ова е регулирано на тој начин што лековите што повеќе не се за употреба се носат во аптеките и тие ги преземаат и уништуваат во специјални печки. Дали и како е ова регулирано кај нас? Разговараме со Славица Ончевска, инспектор за надзор на лекови и медицински помагала од МАЛМЕД.
Жанета Скерлев, дописничка на „Слободен печат“ од Лондон го отвори проблемот со тоа каде завршуваат лековите со поминат рок кај нас. Таа ни раскажува дека сакала да се ослободи од торба полна со лекови надвор од употреба. Бидејќи во Лондон, каде што живее подолго време, овие лекови ги носеле во аптеките, таа така постапила и во Македонија. Од веледрогеријата не и ги примиле лековите и ѝ препорачале да ги фрли во контејнер. Се отвора прашањето зошто кај нас ова не е регулирано и што да прават домаќинствата со овие лекови?
Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.