Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/ИМДБ

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

The Invisible Man – Филм на „Netflix“

Поранешниот партнер насилник на Сесилија ја лажира својата смрт. Тој станува „невидлив“ и почнува да ја демне и мачи. Таа почнува да доживува чудни настани и решава сама да ја разоткрие вистината.

Жанр: хорор/трилер / IMDB оценка: 7.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 92%

The Time Traveler’s Wife – Серија на „HBO“

Хенри е обичен човек со извонредна дарба, ген кој му овозможува да патува низ времето. Клер, неговата сопруга, тешко се справува со неговата „чудна“ способност.

Жанр: романтична драма / IMDB оценка: 7.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 36%

Welcome to Eden – Серија на „Netflix“

Група млади луѓе се поканети на ексклузивна забава на таен остров, спонзорирана од нов пијалок. Но, кога пристигаат, сфаќаат дека примамливиот рај крие опасни тајни и замки.

Жанр: трилер / IMDB оценка: 5.3 / Rotten tomatoes рејтинг: /

Share – Филм на „HBO“

По ноќта на која едвај се сеќава, 16-годишната Менди открива вознемирувачко видео. Таа мора да се обиде да открие што навистина се случило таа ноќ…

Жанр: драма/трилер / IMDB оценка: 5.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 86%

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот