Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/IMDB

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Superstore – Серија на „Netflix“

Група вработени кои работат во „Cloud 9“, голема продавница во Сент Луис, Мисури, се соочуваат со низа предизвици додека се справуваат со клиентите и во исто време се грижат за нивните лични барања. Преглед на животите на вработените кои ќе ве насмеат до солзи и ситуации во кои со сигурност ќе се препознаете како купувачи.

Жанр: комедија / IMDB оценка: 7.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 93%

King Richard – Филм на „HBO“

Со јасна визија и план од 78 страници, Ричард Вилијамс е решен своите две ќерки, Винус и Серена да ги запише во историјата. Преку интензивните тренинзи на тениските терени, се гледа непопустливата посветеност и силната интуиција на таткото Ричард. Семејството Вилијамс им пркоси на навидум непремостливите шанси и очекувања што се поставени пред нив. Ова е приказната на врвните тенисерки Винус и Серена, пред целиот свет да дознае за нив.

Жанр: драма/спорт / IMDB оценка: 7.5 / Rotten tomatoes рејтинг: 90%

The Lighthouse – Филм на „Netflix“

На еден оддалечен и мистериозен остров во Англија во 1890-тите, Ефрем Винслоу пристигнува за да биде чувар на светилникот и да му помага на својот постар надзорник, Томас Вејк. Како што минуваат деновите, Винслоу се обидува да го зачува здравиот разум откако одеднаш почнуваат да го прогонуваат чудни и мистериозни случувања…

Жанр: драма / IMDB оценка: 7.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 90%

Somebody Somewhere – Серија на „HBO“

Сем се чувствува како аутсајдер во нејзиниот роден град Канзас и очајно се обидува да се вклопи. Борејќи се со сето она што ѝ се случува таа се открива себеси и наоѓа заедница каде што луѓе слични на неа кои не се вклопуваат во навидум , но не се откажуваат.

Жанр: комедија/драма / IMDB оценка: 7.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 100%

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот