Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

hbo netflix
Фото: Принтскрин/IMDB

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Clickbait – Серија на „Netflix“

Кога семејниот човек по име Ник Бруер е киндапиран, злосторството продолжува со страотен онлајн твист. Во тие моменти неговите најблиски се обидуваат што побргу да откријат кој стои зад тоа и зошто го прави ова.

Жанр: трилер / IMDB оценка: 7.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 58%

The Last Cruise – Филм на „HBO“

Хроника на првата епидемија на коронавирусот надвор од Кина, на бродот за крстарење „Diamond Princess“. „The Last Cruise“ ги документира искуствата на луѓето на бродот кој стана глобален спектакл и далечен симбол на тогаш новиот и непознат вирус и неговиот потенцијал да ја наруши секоја смисла на нормалност.

Жанр: документарен филм / IMDB оценка: 6.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 100%

Yesterday – Филм на „Netflix“

Музичарот со „климава“ кариера Џек, се наоѓа среде несреќа за време на затемнување. Кога се буди сфаќа дека никој се сеќава на култните Битлси. Така, тој започнува да ги пее песните на бендот од кои се воодушевени сите. А тој само се обидува да се пробие и да стекне слава.

Жанр: мјузикал/романса  / IMDB оценка: 6.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 63%

The Affair – Серија на „HBO“

Младата келнерка Алисон започнува вонбрачна врска со Ноа, успешен учител и надежен писател. Љубовта на повидок ветува дека засекогаш ќе го промен текот на нивните животи. А, последиците од нивната афера постепено почнуваат да ги дестабилизираат нивните бракови.

Жанр: драма / IMDB оценка: 7.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 86%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот