Штипските планинари освоија неколку врвови на Балканот

Фото МИА

Првиот тим на планинари на Друштвото за планинарски спортови (ДПС) „Лисец” – Штип го освои врвот Минин Богаз во Црна Гора.

Милорад Ангелов од ДПС „Лисец” – Штип вели дека минатиот викенд имале исклучителен успех.

–Првиот тим од нашето друштво беше на планината Дурмитор во Црна гора каде што во тешки услови беше освоен еден од најмаркатините врвови, врвот-Минин Богаз 2.387 метри надморска височина познат како алпската алга. Вториот тим беше составен од дванасет планинари, беше на планината Олимп во Р Грција каде што беше направен сериозен потфат и беа освоени сите четири врва, вели Ангелов.

Посочи дека освоени се врвовите Митикас 2.917 метри надморска височина и е втор на Балканот, потоа Мусала во Бугарија и еден какошто вели од потешките врвови во Европа, третиот врв е Стефани 2.909 надморска височина и важи за еден од најопасните врвови на Балканот, како и врвот Скала и Сколио во соседна Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот