Штипјанец украл пари од возило на брза пошта

Апсење/Фото: МИА

Штипјанец на 23 годишна возраст одзел пари од возило на брза пошта.

„На 09.08 2023 во 14.30 часот на ул.„Коле Крупишки” во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.Ј.(23) од Штип. Тој се сомничи дека претходно на ул.„Радански пат” во Штип одзел пари од возило на фирма за брза пошта. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против А.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот