Штетата на украинската инфраструктура достигна неверојатни 92 милијарди долари

Украина Харков Фото: ЕПА

Војната во Украина досега предизвика инфраструктурна штета од неверојатни 92 милијарди долари, според Киевската школа за економија (КСЕ). Како што наведуваат украинските извори земјата на неделно ниво се уништува во висина од 4,5 милијарди долари поради руската инвазија, од бомбите кои паѓаат и рушат илјадници згради, јавни претпријатија но и стотици километри патишта.

Тимот на Институтот КСЕ, проценува дека повеќе од 33.000 квадратни метри станбени згради биле погодени со проектили, бомби и претрпеле други оштетувања за време на војувањата, вредни речиси 30 милијарди долари.

Според информациите повеќе од 23.000 километри пат ист така претрпеле оштетувања со гранатирање, а речиси 90.000 автомобили, вредни милијарди долари се уништени во конфликтот.

Бидејќи загубите од инвазијата се зголемуваат на околу 60 отсто од годишниот економски принос, истражувачите велат дека Украина претрпува голема штета на инфраструктурата што ќе биде скапо за поправка или обнова.

Минатиот месец Меѓународниот монетарен фонд објави дека економијата на Украина најверојатно ќе се намали за околу 35 проценти оваа година, додека човечкото страдање, уништувањето на инфраструктурата и егзодусот на работници сериозно ќе ја попречат нејзината економија во годините што доаѓаат, дури и ако војната наскоро заврши.

Светска банка предвидува пад на украинската економија за речиси половина.

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој во вторникот се обрати пред украинскиот парламент, во март посочи дека на Украина и треба „нов Маршалов план“, мислејќи на пакетот помош од САД што се користеше по Втората светска војна за да помогне во обновата на европските економии.

 

Има ли Македонија капацитет да учествува во обновата на Украина?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот