Мерц и Трамп во Белата куќа / Фото: KAY NIETFELD / AFP / Profimedia

Шпигел: Трамп бара европски воени сили на Блискиот Исток, политиката на ултиматуми стигна и до Европа

САД го зголемуваат притисокот врз своите европски сојузници да се вклучат воено во Ормускиот Tеснец. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте ги информираше европските влади дека американскиот претседател Доналд Трамп очекува конкретни ветувања за испраќање воени бродови или други воени капацитети во следните неколку дена на Блискиот Исток. Политичките ветувања, како оние дадени од почетокот на војната, веќе не се доволни за претседателот Трамп, пишува германски „Шпигел“.

Во својот текст германскиот медиум наведува дека голем број европски дипломати, кои беа информирани за сè по средбата на генералниот секретар на НАТО со Трамп, го опишуваат неговото барање како ултиматум за Европа. Берлин, исто така, сигнализираше во последните денови дека е подготвен во принцип за заедничка мисија, но германската влада поставува услови за ова, како што се силен мандат на ОН и трајно примирје или договорено примирје.

Трамп пак го мерка Гренланд: „Тоа е големо и лошо управувано парче мраз!“

Закани за непослушните сојузници

Покрај барањата поврзани со Ормускиот Tеснец, Трамп врши притисок и врз партнерите од НАТО и со други начини на закани. Според извештаите на американските медиуми, се составува список на европски членки на алијансата кои ја поддржаа војната против Иран и оние кои се спротивставија на неа.

Администрацијата на Трамп размислува за повлекување на трупите од земјите што не го поддржаа нападот врз Иран

Како што наведува германскиот медиум, понатаму се верува дека Трамп има намера потоа да ги повлече американските трупи од земјите кои не сакаат да соработуваат во Ормускиот Теснец.

Фокусот наводно е на Шпанија, чија влада дури и им ги одби правата на американските воздухопловни сили за прелет на борбени авиони и воздушни танкери.

Од друга страна, Германија не воведе никакви ограничувања за користењето на големи американски бази на нејзина територија од страна на САД. И покрај ова, Трамп ја етикетира и германската влада како противник на војната, првенствено поради нејзината изјава дека воената кампања „не е наша војна“.

Иако автор на оваа изјава е министерот за одбрана Борис Писториус, Белата куќа веднаш му ја припиша на канцеларот Фридрих Мерц, кој обично е многу подипломатски настроен, наведува германски „Шпигел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот