Шпански новинар тврди: Надал ја изневерувал сопругата со Шакира

Фото: Инстаграм/ Профимедиа/EPA-EFE/DAVID GUZMAN GONZALEZ

Рафаел Надал и Шакира биле во врска! Оваа информација ја откри шпанскиот новинар Жорди Мартин, кој раскажал дека двајцата ја криеле од јавноста и дека сè започнало во 2009 година.

Тогаш Шакира го снимала спотот со шпанскиот тенисер за песната „Gypsy“ и имале неколку жешки сцени во текот на снимањето, па сè тргнало оттаму. Во тие моменти Шакира не го познавала Жерар Пике, додека Рафа бил во врска со својата девојка Марија Сиска Перело, неговата сегашна сопруга.

Фото: Профимедиа

„Имаа интензивна афера. Сите тогаш зборуваа за нејзината врска со Алехандро Санза, а вистина е дека тие двајца беа само пријатели. Вистината беше дека таа се забавуваше со Надал“, рекол Мартин, шокирајќи го целиот свет.

Во текот на снимањето на спотот имале неколку интимни сцени, прво се држеле за раце, па се прегрнувале и на крајот се бакнале. Наводно од тоа сè почнало и така се зближиле и впловиле во романтична врска. Не е откриено колку време траело сето тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rafael Nadal Fans (@rafaelnadalfans)


Атрактивната пејачка потоа го запознала Жерар Пике, со кого доби и две деца, а во моментов се во процес на разделување по 12 години љубов, бидејќи фудбалерот на Барселона ја изневерил. Од друга страна, Надал пред три години се ожени со Марија Ксиска Перело и сега го чекаат своето прво дете, но постојат одредени компликации. Рафа е во Њујорк и ја следи целата здравствена состојба од УС Опен.

Сопругата на Рафаел Надал објасни зошто ретко се појавува на неговите натпревари

Пике е бесен: Шакира брза да ја напушти Барселона со синовите

ФОТО | Има 23 години и споделува разголени фотографии на Инстаграм: Која е новата девојка на Пике?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот