ФОТО | Има 23 години и споделува разголени фотографии на Инстаграм: Која е новата девојка на Пике?

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Фудбалерот Жерар Пике неодамна беше „уловен“ со 23-годишната студентка Клара Чиа Марти на фестивалот „Summerfest Cerdanya“ во Каталонија, а многумина ги интересира која е неговата нова девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🔥🔥🔥 (@seprendioelchisme)

Клара е првата девојка со која Пике е виден во јавноста по прекинувањето на 12-годишната врска со пејачката Шакира со која има 2 сина. Атрактивната русокоса студира односи со јавноста и живее во Барселона. Според „The Sun“, Клара работи за филмската и ТВ продукциска компанија „Kosmos“ на Пике, надгледувајќи посебни настани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clara Chia 🌌 (@clara.chiamartii)


Клара на својот инстаграм – профил објавува провокативни фотографии и позирајќи во долна облека, но и топлес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clara Chia 🌌 (@clara.chiamartii)


Шакира наводно не е задоволна што Пике се појави во јавност со Клара, пишува „Daily Mail“. Извор близок до семејството на Шакира тврди дека фудбалерот и пејачката имале договор дека нема да се појавуваат во јавност со нови партнери во текот на првата година по раскинувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clara Chia 🌌 (@clara.chiamartii)


Според приказната на папарацо новинарот Жорди Мартин за шпанскиот „Mag“, фудбалерот со сите сили се труди да ја разбесни Шакира, па со новата девојка намерно се појавува на места на кои би можел да се сретне со пејачката, а ги посетуваат и местата за кој знае дека некој може да ги види и да ѝ го дојави тоа на Шакира.

Пике е бесен: Шакира брза да ја напушти Барселона со синовите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот