Сопругата на Рафаел Надал објасни зошто ретко се појавува на неговите натпревари

Рафаел Надал и неговата сопруга Марија Ксиска Перело / Фото: Profimedia

Марија Ксиска Перело, сопругата на Рафаел Надал, ретко се појавува на неговите натпревари, а во една прилика објасни зошто е тоа така.

 

Во интервју за магазинот „The Telegraph“ таа изјави дека одлучила да „остане во сенка“ за да ја заштити нивната љубовна врска. Таа смета дека би му ја нарушила концентрацијата доколку го придружува на секој натпревар.

„Нему му е потребен простор кога се натпреварува, а идејата да се вртам околу него цел ден ме уморува. Би се чувствувала лошо, а потоа тој би морал да се грижи за мене. Ако го следам насекаде, мислам дека ќе имавме многу причини за кавги и ќе ја нарушевме врската што ја имаме во моментов“, рече таа.

Сепак, Марија пред неколку дена се појави на Вимблдон за да му даде поддршка на Рафаел. За жал, тој мораше да се повлече бидејќи лекарите констатираа дека му скинал мускул на стомакот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rafael Nadal Fans (@rafaelnadalfans)

Инаку, тие двајцата се забавуваа 14 години, а се венчаа во 2019 година. Минатиот месец за магазинот „Hola“ ги потврдија гласините дека го чекаат своето прво дете.

„Се надевам дека бременоста ќе помине добро. Не сум навикнат да зборувам за мојот приватен живот. Живееме повлечен живот. Не очекувам ова да се промени кога ќе дојде бебето“, рекол Рафаел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот