Шпанската провинција Галиција забрани пушење на улици и јавни места

Галиција, провинција во северозападна Шпанија, забрани пушење на улици и јавни места како што се кафе-тераси за да го спречи ширењето на коронавирусот, а мерката може да се прошири и во остатокот од Шпанија.

Мерката стапува на сила денеска и се однесува на местата каде нема меѓусебно растојание од најмалку два метра меѓу луѓето, се вели во официјалниот документ објавен од регионалната влада.

Галиција, провинција со 2,7 милиони жители, во моментов има 827 заразени лица, што е повеќе за 87  во однос на претходниот ден.

Мерката беше предложена на регионалната Влада од страна на тим лекари специјализирани за превенција на болеста Ковид-19, по состанокот одржан вчера. Тие веруваат дека чадот од тутун претставува голем ризик за ширење на коронавирусот.

„Кога пушите цигари или користите електрични цигари на јавни и отворени места, вклучително и тераси, тоа може да биде исклучок само ако во секое време има растојание од два метра од другите луѓе”, се наведува во документот. Ваквите простори мора да бидат доволно пространи што во ниеден момент не може да се намали пропишаното растојание помеѓу пушачот и минувачот, или пушачот и другите лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот