Шпанка барана преку Интерпол пронајдена затворена во хотел во Струга, со денови ја силувал жител на Радолишта

Фото: илустрација

По преземени мерки, а по барање на Интерпол Шпанија, на 04.04.2022 полициски службеници од Полициската станица Струга и Секторот за меѓународна полициска соработка ја пронашле К.М.Т.(39) од Шпанија во хотел во Струга.

Како што пријавила таа, во Струга пристигнала преку Тирана, по претходен договор со Ш.С.(29) од с.Радолишта, струшко, по што Ш.С. без нејзина согласност неколку дена ја држел затворена во соба во хотел во Струга и ја присилувал на сексуални односи.

На 04.04.2022 околу 21.30 часот во Полициската станица Струга бил приведен Ш.С. и со него бил извршен службен разговор. Известен е Јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот