Шпанија: Турист починал по пад од балкон и убил едно лице

Несреќата се случила во градот Марбеља во регионот Коста дел Сол.

Еден турист во Шпанија починал откако паднал од балкон на хотелот, и го убил човекот врз кого паднал, јави Скај њуз.

Првата жртва е 50-годишен турист од Англија, кој паднал од балконот на неговата хотелска соба на седмиот кат. Другата жртва е 43-годишен Шпанец. Несреќата се случила во градот Марбеља во регионот Коста дел Сол.

Полицијата на лице место потврди дека двајцата мажи се мртви.

Сè уште не е познато зошто човекот паднал, а истрагата за случајот е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот