Шпанија и Португалија сакаат заедно да го организираат СП 2030

Двете земји од Пиринејскиот полуостров потврдија дека ќе достават заедничка кандидатура за организација на Светското првенство 2030 година.

Пред вчерашниот пријателски натпревар помеѓу Португалија и Шпанија кој заврши без голови, челниците на фудбалските федерации на двете земји го ратификуваа договорот за заедничка организација на СП 2030.

Овој договор е важен чекор за заедничкиот проект на двете федерации, но и двете држави. Не можевме да најдеме подобар партнер од Португалија за организација на Светското првенство – изјави Луис Рубиалес, претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија.


Наредното Светско првенство 2022 година ќе се одржи во Катар, а во 2026 година организатори ќе бидат Канада, САД и Мексико.

Одлуката за домаќинот на СП 2030 ќе биде донесена во 2024 година, а постапката за поднесување на кандидатурите ќе започне 2022 година.
Покрај заедничката кандидатура на Шпанија и Португачија, интерес да бидат организатори на Мундијалот за десет години пројавија и Мароко како и јужноамериканските држави Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле кои ќе поднесат заедничка кандидатура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот