Шон Мендез: Со години ме присилуваат да признаам дека сум хомосексуалец!

Instagram

За прв пат поп-ѕвездата Шон Мендез реши да зборува за гласините дека е хомосексуалец и дека неговата врска со Камила Кабељо е само за во јавноста. Во интервју за британски Гардијан, тој повтори дека е – хетеросексуалец.

Instagram
Instagram

Луѓето очајно сакаа да признаам дека сум „геј“, до степен до кој беше смешно.Ме нервираше затоа што познавам многу луѓе кои се хомосексуалци, на кои не им е дозволено тоа да го кажуваат јавно и знам колку страдаат поради тоа – рече Шон и додаде:

Instagram
Instagram

Сосема е неуко и бесчувствително кога луѓето прават такви работи.

Новинарот се осврна и на фактот дека многумина сметаат дека неговиот однос со пејачката е лажен, создаден од ПР магионичари, со цел да и помогне на неговата и нејзината кариера. Сепак, најмногу го нервира кога некој не ја сака неговата музика.

Instagram
Instagram

Тоа е проблемот. Кога ќе се обидете да создадете нешто што ќе им се допадне на сите, а знаете дека е невозможно. Тогаш доживувате нервен слом – рече Шон. И покрај тоа што не му се допаѓа кога некој не ја сака неговата музика, тој вели дека комерцијалниот успех не му е важен: затоа не му пречи што неговите последни два сингла не биле успешни на топ листите.

Instagram
Instagram
Едноставно, тогаш почнуваме да ги забележавме работите. Она што луѓето не го гледаат се мејлот и пораките што ги добивам од фановите, во кои луѓето ми пишуваат за тоа како моите песни ги смениле нивните животи – објаснува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот