Шкријељ: Просечна плата од 1.100 евра и минимална од 600 евра се реално остварливи

Граѓаните и натамошно унапредување на животниот стандард е во фокусот на програмата на СДСМ за претстојните парламентарни избори, рече Санела Шкријељ, пратеничка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во вечерапната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

-Растот на минималната плата, растот што се случува во март секоја година, имам нов општ Колективен договор за целиот јавен сектор кој треба да стартува од 1 март во 2025 година кој што значи коефициенти и усогласување со растот на просечната плата. Согласно пресметките на економскиот тим, постигнување на просечна плата од 1.100 евра е реално остварливо и согласно движењата што ги имаме и растот на минималната и просечната плата досега, да завршиме до крајот на наредниот мандат во 2028 година со 600 евра минимална плата“, истакна Шкријељ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот