Фото: KF Shkëndija

Шкендија ремизираше во контролниот меч против Ордабаси во Анталија

Денеска во својот последен тест на подготовките во Анталија, Турција, фудбалерите на Шкендија одиграа нерешено 1:1 во пријателскиот натпревар против Ордабаси од Казахстан.

Ордабаси водеше по првото полувреме со 1:0, стекна водство веќе во петтата минута со голот на Сергеј Малиј.

Казахстанците ја држеа предноста до 87 минута кога актуелниот македонски шампион го избегна поразот.

Стрелец на голот за тетовските „црвено-црни“ беше албанскиот интернационалец Александер Трумчи.

Сега играчите на Јетон Беќири ќе бидат фокусирани кон мечевите од домашниот шампионат и стартот на пролетниот дел од сезоната. На 7 февруари Шкендија ќе ја пречека екипата на Струга во дербито на колото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот