Шкариќ: Идниот состав на Собранието ќе ги прифати промените на Уставот, но тоа не значи бугаризација на Македонија

Ги охрабрувам наредните власти да извршат уставни измени, бидејќи нема страв од никаква бугаризација, а после тоа Бугарите не можат да нѐ блокираат од аспект на нивните анахрони барања.

Ова го изјави професорот по уставно право, Светомир Шкариќ, во интервју за Вистинската телевизија (Вистел), потенцирајќи дека прифаќањето на промените на Уставот со впишување на Бугарите не значи бугаризација на Македонија.

– Идниот состав на Собранието ќе ги прифати промените на Уставот со впишување на Бугарите. Тоа не значи бугаризација на Македонија и после тоа треба да се размислува за нов Устав, бидејќи сегашниот со сите амандмани е неспроведлив – посочи Шкариќ.

Во врска со носењето и измените на низата закони како и измените на Кривичниот законик, случувањата во Судскиот совет, како и Законот за помилување, професорот посочи дека судската власт е онаа која може, како што рече, „да ја апсолвира и реши оваа тешка ситуација во која се наидува“.

– Како што Уставниот суд го поништи целиот закон за изменување на Законот за помилување од 2009 година за да може Иванов да ги помилува сите процесуирани од СЈО, така и Уставниот суд со времени мерки треба да го поништи последниот закон за изменување на Кривичниот закон за да се поништат и последиците од неговата примена – досега ослободените од кривична одговорност со која се штити политичката елита – истакна професорот.

Шкариќ го кажа својот став и за промената на името на државата.

– Името има врска со идентитетот, но не треба да бидат идентично третирани. Името опстојува, зборот Македонија е вградено во името на државата и ние сме единствена држава во светот која го содржи зборот Македонија – вели Шкариќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот