Шилегов: Зелените коридори на Серава и Лепенец ќе значат крај за уништувањето на природните убавини

Фото: МИА

Посочи дека двете реки за жал се користат за фекални и отпадни води од домаќинствата и производствените објекти околку нив.

Основниот проект за воспоставување Зелен коридор по течението на реката Серава денеска беше презентиран во Град Скопје. 

Градските власти соопштија дека континуирано работат на проекти за унапредување на животната средина и подобрување на здравјето и животот на граѓаните на Скопје. Во рамки на проектот „Отпорно Скопје – Поголема издржливост и иновации за справување со климатските промени”, реализиран од Град Скопје и во соработка со УНДП изготвена е студија за воспоставување на зелени коридори по течението на реките Лепенец и Серава. Од студијата, како што велат, произлегоа два проекти изготвени од страна на експертски тим на Градежен институт на Македонија. Првиот проект, за зелен коридор на реката Лепенец, беше презентиран на петти октомври годинава.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на презентацијата потсети дека овие зелени коридори беа дел од неговата програма и додаде оти тие влегуваат во фаза на реализација.

-Реката Серава како поројна река која во минатото предизвикувала проблеми со излевање, одамна е регулирана, делумно со канали, а делумно водата оди под земја. Нејзината улога во пренос на свежите воздушни маси од планината Скопска Црна Гора од каде извира, е несомнена, рече Шилегов.

Посочи дека двете реки за жал се користат за фекални и отпадни води од домаќинствата и производствените објекти околку нив.

-Воспоставувањето зелени коридори на овие две реки значи ставање крај на ваквото уништувањето на природните убавини и на Серава и на Лепенец, кои место такви како што се можат и да го красат и нашиот град, рече Шилегов. Истакна дека на одредени делници покрај реките се исфрла отпад, комунален и градежен шут, што ги девалвира реките и нивните крајбрежја.

Целта на овој проект, како што нагласи, е да се сочува автентичноста на природните вредности на крабрежјето на Серава на начин што ќе бидат обезбедени посебни услови за одмор и за реакреација на жителите од населбите низ кои минува оваа река.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот