Шилегов утре ќе го разреши директорот на Дрисла

Актуелниот директор на Дрисла, како што јавија бугарските медиуми, бил содружник во компанијата „Блацион“ ООД во Бугарија и заедно со уште еден македонски државјанин Блаже Игнатов, извршиле нерегулиран увоз на 25 контејнери со отпад од Италија.

Во текот на утрешниот ден ќе биде разрешен сегашниот директор на Дрисла, Горан Ангелов, и ќе се именува нов вршител на должноста, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Инаку, актуелниот директор на Дрисла, како што јавија бугарските медиуми, бил косопственик во компанијата „Блацион“ ООД во Бугарија и заедно со уште еден македонски државјанин Блаже Игнатов, извршиле нерегулиран увоз на 25 контејнери со отпад од Италија.

Бугарското Обвинителство веќе отворило истрага за незаконскиот увоз на отпадот од Италија на компанијата „Блацион“ ООД во која управител е Блаже Игњатовски, кој исто така е претставник во Собир на содружници на депонијата „Дрисла“.

Ангелов за МИА изјави дека не е вистина она што се наведува во бугарските медиуми и негираше дека како директор на „Дрисла“ соработува со бугарската компанија каде е дел од сопственичката структура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот