Фото: Илустрација

„Шевролет“ и „фолксваген“ се судрија на патот Гостивар-Тетово, тешко повредени три лица

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера наутро на патот Гостивар-Тетово.

„На 14.08.2023 во 08.55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(73) од Гостивар и патничко возило ,,шевролет” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(57) од Тетово. По несреќата, возачите и сопатниците од двете возила биле пренесени во Ургентен центар во Гостивар, каде кај двајцата возачи и сопатникот Ј.Л. од патничкото возило „голф” биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај сопатниците Ш.А. и Ј.Ј. биле констатирани телесни повреди“, информираат од МВР.

 

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот