Шестгодишно дете ја спасува мајка си викајќи помош преку „Алекса“

Алекса / Фото: travelbetter.co.uk / Alamy / Alamy / Profimedia

Мајка од Шкотска на која и било трансплантирана срце раскажа како нејзината шестгодишна ќерка двапати и го спасила животот користејќи паметен звучник. Ема Андерсон, од Робројстон во Глазгов, имала 15 години кога и била дијагностицирана хипертрофична кардиомиопатија, пишува „Би-Би-Си“.

Од млада возраст, нејзината ќерка Дарси знаела дека нејзината мајка има „болно срце“ и можела да повика помош преку „Алекса“.

Сега Дарси двапати го користела звучникот „Алекса“ за да алармира кога нејзината 27-годишна мајка не се чувствувала добро.

„Ја поставив Алекса така што ако се онесвестам или се чувствувам лошо, сè што требаше да направи е да каже: „Алекса, повикај помош“, а тоа ќе ја повика мајка ми која живее близу до нас“, рече Андерсон.

„И таа мораше да се јави на Алекса неколку пати, дури и сама повика брза помош кога навистина ми беше лошо. Толку сум горда на неа, таа е мала суперѕвезда“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот