Шест руски воени бродови одат на вежби во Црното Море: Во Романија пристигнаа првите американски војници

руски воен брод EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Шест руски воени бродови тргнаа кон Црното Море од Средоземното Море на поморски вежби, јави денеска агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Ваквата акција, како што беше најавено, е дел од однапред планираното движење на воените ресурси.

руска воена флота EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Русија минатиот месец објави дека нејзината морнарица ќе изведе сеопфатни поморски вежби од Пацификот до Атлантикот, во кои ќе учествуваат сите нејзини флоти

руски воен брод EPA-EFE/DMITRI LOVETSKY / POOL

Во Романија пристигнаа првите американски војници

Првите американски воени трупи за зајакнување на сојузничките сили на НАТО на источното крило пристигнаа во Романија, изјави денеска романскиот министер за одбрана Василе Динчу.

војници на сад EPA/MARCIN BIELECKI POLAND OUT

Динчу им рече на новинарите дека првите 100 американски војници се во Романија и дека се ангажирани за логистика, пренесува Ројтерс.

„Повеќе од 100 специјализирани американски војници, заедно со нашите специјалисти за логистика, се подготвуваат, што значи дека нема да помине долго пред да пристигнат останатите војници“, рече Динчу.

војници на сад EPA/MARCIN BIELECKI POLAND OUT

Соединетите Држави испраќаат речиси 3.000 дополнителни војници во Полска и Романија за да ја заштитат Источна Европа од потенцијалното прелевање на украинската криза.

Пентагон објави дека ќе ја премести ескадрилата Страјкер од околу 1.000 американски членови од Вилсек во Германија во Романија.

војници на САД EPA/MACIEJ KULCZYNSKI POLAND OUT

Американските војници во саботата почнаа да пристигнуваат во Полска.

сад тенкови полска . EPA/MARCIN

Соединетите Држави во моментов имаат околу 900 војници во Романија, која е членка на НАТО од 2004 година и е домаќин на систем за одбрана од балистички проектили.

Франција, исто така, објави дека планира да испрати војници во Романија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот