Шест месеци никој не знае кој е човекот кој постојано фрла сендвичи на пат меѓу две германски села

Илустрација автомобил во Германија / Фото: Armin Puschmann / Alamy / Profimedia

Веќе шест месеци, меѓу селата Кенигсборн и Хејротсберге во северозападна Германија мештаните постојано наидувале на фрлени сендвичи, за кои веруваат дека ги фрлил истиот возач, пишува Еуроњуз. Локалните жители се фрустрирани, но и заинтригирани да дознаат кој е човекот кој ги фрла сендвичите.

Во изминатите шест месеци, на автопатот Б184 во близина на германскиот град Магдебург, главниот град на покраината Саксонија-Анхалт се повторува еден ист љубопитен инцидент.

Со вознемирувачка регуларност, фрлените сендвичи – како што Германците ги нарекуваат „Батерброт“ – се појавиле на страната на патот, очигледно исфрлени од истиот неидентификуван возач. Нема сомнение, за сведоците на овој помал, но збунувачки инцидент, дека таканаречениот „фрлач на сендвичи“ е секогаш истата личност. Сендвичите секогаш можеле да се најдат помеѓу селата Кенигсборн и Хејротсберге, и секогаш биле завиткани во лимена фолија.

Некои други работи се менувале – на пример, она што било внатре во сендвичите. Локалните медиуми јавуваат дека понекогаш биле со сирење, а некогаш со салама или колбаси. Некогаш биле целосно недопрени, а некогаш гризнати.

Понекогаш недопрените сендвичи се наоѓале во приватните градини на луѓето – зголемувајќи го гневот на жителите кон анонимниот фрлач, кој секогаш „штрајкувал“ во работните денови и рано наутро, што сугерирало дека можеби го правел тоа додека одел на работа.

Холгер Бекер, 59-годишниот претседател на фудбалскиот клуб во Хејротсберге, изјавил за германскиот магазин Билд дека фрлените сендвичи често слетуваат на нивниот терен, додавајќи работа на товарот на волонтерите кои треба да го исчистат.

„Ние правиме сè овде на доброволна основа и сами го одржуваме своето место“, рече тој. „Тоа е многу досадно за нас“.

Додека некои луѓе се јасно фрустрирани поради континуираното фрлање отпадоци, мистеријата за фрлањето сендвичи ги фасцинираше и другите, а експертите размислуваат зошто некој би направил такво нешто.

Анке Прехт, психолог, изјави за Билд дека е можно возачот да го примил сендвичот од некој друг, можеби некој близок, иако тие всушност не уживале во закуската. Возачот можеби ја пропуштил шансата да му каже на другиот дека не го сака сендвичот, па сега морал да живее со последиците од тоа недоразбирање.

Но, локалното население останува збунето, а жителот на селото Кенигсборн, Томас Вилк, изјави за списанието: „Зошто дозволуваат некој да прави сендвичи ако не сака да ги јаде?“

Конечно, не е само тоа што ги нервира локалните жители поради фрлањето сендвичи.

Фрлањето ѓубре од автомобил во движење е всушност кривично дело во германската покраина Саксонија-Анхалт. Што значи дека, доколку некогаш се најде, анонимниот возач може да се соочи не само со бесот на локалното население – туку и со парична казна до 400 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот