Шекеринска: Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто, значи тројно

ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се трудеа да го спречат зголемувањето на минималната плата, само се потпишуваа на собраниските седници, каде се предлагаше законот за минимална плата, земаа дневници и си заминуваа, истакна заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска на граѓанската трибина под мотото „На прав пат” во Ресен.
-Цели 11 години зборуваа дека зголемувањето на минималната плата е невозможно, а ја изградија најголемата зграда што и припаѓа на некоја партија во Европа-белиот дворец. Ние рековме, ќе водиме сметка во сите сектори, пари за граѓаните мора да обезбедиме, и успеваме. СДСМ ја покачи минималната плата на историски 14.500 денари односно за 5.500 денари. Социјалната помош ја зголемивме за 300%, значи тројно- додаде Шекеринска.
Отворивме над 50.000 работни места, рече Шекеринска, што значат над 50 илјади плати повеќе и повеќе што влегуваат во фондовите, истакна Шекеринска, додавајќи дека ако растат платите мора да растат и пензиите.
-Го стабилизиравме фондот. Секој пензионер од почетокот на идната година ќе има пензија повисока за  700 денари месечно, а со  усголасување со порастот на платите таа ќе се зголеми до 900 денари, што годишно е над 10 илјади денари- потенцираше потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска на граѓанската трибина под мотото „На прав пат” во Ресен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот