Шефот на кабинетот на Ангела Меркел откри колку таа ќе остане на чело на земјата

Здравјето на канцеларката Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во коалиција со сојузниците од Социјалдемократската партија, изјави денеска шефот на нејзиниот кабинет Хелге Браун.

Меркел, која наполни 65 години, последните недели неколку пати се тресеше на јавни церемонии, што предизвика шпекулации за нејзината здравствена состојба, а таа инсистираше на тоа дека е добро.

Браун рече дека здравјето на канцеларката е добро и оти е способна да го одработи целиот мандат, до сојузните избори закажани за 21 октомври 2021 година.

Поради состојбата на Меркел на неколку церемонии, јавноста почна да се прашува дали социјалдемократите ќе се повлечат од владејачката коалиција, која многу членови на партијата сакаат да ја напуштат.

Браун, сепак, очекува социјалдемократите да останат во коалиција со конзервативниот блок на Ангела Меркел, Христијанско-демократската унија.

Тој рече дека не верува оти Социјалдемократската партија ќе сврти грб во момент кога германската Влада мора да се позанимава со Брегзит и да помогне во обликувањето на европската иднина кога следната година ќе го преземе претседавањето со Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот