Шарената револуција мора да продолжи

Македонија не е детска градинка, туку мравка во увото на големиот слон на Историјата, кој се движи, се тресе, се чеша од големите дрва, има потреба од секс, ебе или го ебат, раѓа итн. и многу е важно децата во неговото уво да го следат неговиот ритам да не водат сметка само за играчките туку за чекорот на слонот на кој живеат. Ако не сакаат да испаднат и да бидат смачкани под задните нозе на Историјата.

Каква е разликата меѓу Мицко и лудакот што во Лондон испосече неколку случајни минувачи!?

Разликата е во тоа што Мицко нема мачета.

Тој самиот е мачета.

Додуша, тапа, најтапа мачета која од лондонската се разликува по тоа што овозможува бавна и агонична смрт на тие што ќе ги допре.

Магарињата кои се трудат да ги намагарчат луѓето ја сфаќаат својата малоумност сериозно затоа што ништо друго немаат. Тоа претставува голем страв од неизбежниот пораз по кој ќе нема станување. Капак врз го*ната што имаат амбиции да смрдат и надвор од својата септичка јама. (Љ.Стојадиновиќ)

Моделот на Шарената револуција против Злото, применет од Злото врз револуционерите.

Истиот речник, истите фрази.

Го**ари.

Ама не оди.

Ц’фте не врзува, викаше татко ми.

Тоа е како да го пуштите Дибек во дресот на Меси да игра во Шкендија.

Но, сеедно, парадираат по телевизиите и порталите, убиваат луѓе, свест и култура, го шират вирусот на глупоста, милион пати поопасен од коронавирусот…

Жртвите во Македонија се побројни од тие во Лондон.

Од Втората светска војна наваму.

Живите се помртви од умрените.

Во светот се во мода забавни типови, демагози и лажговци, е*иветри со некаква елоквенција и шарм, сопственици на катерпилари за уривање на цивилизацијата, нацисти и фашисти, типови вооружени со фрази и пози, научени во разни итони и кембриџи, со широки гестови, строгости или топли насмевки, со лудачки концепти, само во Македонија како алтернатива се нуди еден расипан, скоцкан, железен џубокс на кого низ времето му останала само една плоча, и таа изгребана, па свири само на едно место, еден ист рефрен: Заев!

Мислам Заев е рефренот, а џубоксот е Мицко.

Во една стара, усмрдена кафеана, не некое, па ретрокафе, кафеана што ни чавките веќе не ја серат: ВМРО.

Да ви го е*ам името.

Таму е нашиот џубокс.

Па, можевме ли да бидеме волку несреќни?

Имаме ли шанси да го викнеме Борис од Лондон, па да пропаднеме к‘о луѓе.

Како Британија.

Но не, каков Џонсон, какви бакрачи, има да го јадеме стапот со Мицко.

Ку*ац фини!

Џевдет се зае*аваше.

Заштитата на сопствените злосторници сигурно е важен мотив во отпорот пред законот за Јавното обвинителство, но тоа не е главен мотив, главниот мотив е во разградувањето на Македонија кое нивните оператери, не тие, тие се „обикновени“ глупаци, го гледаат низ неколку линии: прво, низ бескрајноста на процесот преку кој мислат дека ќе ја илустрираат неспособноста на институциите и на власта, односно на државата како таква, второ, преку идејата дека неказнивоста ќе се институционализира ако се прифатат нивните идеи, што би била нова шајка во сандакот на Македонија и, третата линија е  тие с*ања да се искористат како нутела врз лепчето на предизборната кампања.

Какви с*ања.

Општо земено  преку спуштање на историската моќ на Македонија да се субјективизира.

Да постои.

Луѓето се движат низ тие мински полиња на злото како згодни жени низ песокот на Ипанема.

Зошто не ги уапсивте злосторниците што ние ги избравме за пратеници?!

Тоа, можеби и не е така гротескно прашање, како што изгледа на прв поглед.

Луѓето сакаат некој да ги ослободи.

Од нив самите.

На претстојните избори тие ќе ја делегираат моќта за такво остварување.

Која е денес битката на
Македонија за самата себе

Власта е таа која мора да даде уверливи гаранции дека ослободувањето ќе го вгради во општото добро и да покаже дека ослободувањето што го нуди џубоксот е апсолутно ослободување, ослободување што се случува кога човекот ќе си истрела куршум во слепоочницата.

Власта може да игра на картата на таа разлика со ненормалноста. Но, дури и да е така, таа мора да вклучи елементи кои се над здравиот разум, затоа што само здравиот разум не е во состојба да ги добие овие битки со глупоста. Мора самиот да се глупира, ако може така да се каже, до извесна степен. Здраворазумноста му е банална на современиот Македонец. И во светот е така, но тука човекот е спремен здраворазумноста и нормалноста да ги обвини за својата несреќа. Затоа е потребно проширување на хоризонтите. Во правци кои на здравиот разум на прв поглед ќе му се чинат ненормални.

Ако нешто ѝ забележувам на меѓународната заедница, тоа е третманот на оваа терористичка групација од најдолен вид, на овие зомбирани типови, на таа наведувана ракета со перманентно активен ауспух од антракс, како политичка категорија со која треба да се води дијалог. Таа финоќа и пристојност Европа ја чинат многу делови од нејзината целина. Сегашноста и иднината и се декапацитирани поради таа пристојност. И тие, впрочем како и Македонците, не ја знаат вистинската природа и мисијата на ова чудовиште. Што доаѓа од одбивањето да ја спознаеме историја, односно вистината за неа. Јас мислам дека дијалогот може да биде можен само ако меѓународната заедница ги стави на црна листа најважните идиоти и организацијата во целина, ако се исклучат од ЕПП и ако им забранат влез во државите од Европската Унија и САД, да речеме, ако им се блокира или дури заплени имотот што го имаат надвор. Вториот начин да се отворат портите на дијалогот и на обединување на општеството е тежок изборен пораз на терористичката организација, од која тие би испаднале упристоени по дефиниција. Што би рекол Стојадиновиќ, без шанси да станат.

И тоа е денес битката на Македонија за самата себе.

Препознавањето на тој приоритет и подредувањето на другите битки на едно скалило подолу.

Има некоја страшна историска перверзија во тоа што ние се бориме за нивните амбиции, а тие се борат за нашата смрт.

И за својата, се разбира.

Не е познато дали до радикалната поделба на општеството и во општеството дојде затоа што масивната пропаганда и специјалната војна им ги оштетија мозоците на луѓето или оштетените мозоци беа убав терен за специјалната војна и поделбите, но две работи се чиста константа: расколот и обезмозочувањето се процеси кои се сврзани со појавата на вмро и, второ, поделбите не се резултат на идејни или политички разлики, како што се мисли, туку на протерувањето на мислата од јавниот дискурс и од животот воопшто, за сметка на неуморната расправа за сè и сешто на сите. Отсуството на мисла нè разединува, но расправата е кохезивен елемент, со тоа што колку се поголеми глупаците и темите, кохезијата е поголема. Пропагандите ја оневозможуваа конституцијата, одржавотворувањето на Македонија, пропагандите се стремат да ја разградат. Тоа е тој круг. Македонија како топтема. Како друштво на некој голем коктел, на кој со чашка винце или ракија сите разменуваат, не мислења, затоа што мислења нема, туку ги разменуваат своите учества во расправата, очекувањата што мислат дека луѓето ги имаат од нив. Според тоа, не треба да се стремиме да го обединиме општеството, туку да ја ослободиме мислата. Мислата, која може да биде ваква и инаква, мора да дојде на местото на рефлексот, на манирот, на автоматот.

Мисли, пи*да ти  материна, тоа би можел да биде главниот слоган на нацијата.

Особено ме секира способноста на луѓето да уживаат или да се нервираат во внатрешната борба на начин на кој децата во градинките се борат за играчките.

Таа комоција е опасна во политиката.

Македонија не е детска градинка, туку мравка во увото на големиот слон на Историјата, кој се движи, се тресе, се чеша од големите дрва, има потреба од секс, е*е или го е*ат, раѓа итн. и многу е важно децата во неговото уво да го следат неговиот ритам, да не водат сметка само за играчките, туку за чекорот на слонот на кој живеат. Ако не сакаат да испаднат и да бидат смачкани под задните нозе на Историјата.

Одиме во Европа, во ЕУ и во НАТО.

Во март.

Со Оскари.

Во февруари.

Со замаглена шофершајбна.

Како стаклата на автомобил во кој Македонецот се е*е самиот себе.

Одиме напред, и покрај сите напори на Македонците!

Шарената револуција не е изневерена од Заев

Шарената револуција не е изневерена од Заев, туку од резултатите на изборите. Кои ги ограничија капацитетите на новата власт во однос на идеалите на револуцијата. Тој дефект треба да го отстраниме на овие избори. Шарената револуција мора да продолжи. А не да се растура пред налетот на вакви и онакви, стварни и изманипулирани разочараности. Тоа би било така глупаво. Особено кога лекот за разочараноста се бара кај Злото против кое се боревме.

Ова ќе бидат избори на кои ќе бираме во каква Македонија сакаме да живееме, во европска, правна, модерна, демократска, или во фамилијарна Македонија на Злото. Дури ни тоа не е избор ако се знае дека фамилијарна Македонија на Злото што го претставува вмродпмне, не е можна. Тоа значи дека ќе бираме меѓу животот и смртта. Звучи малку жестоко, но размислете малку и ќе видите дека е така.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот