Шарапова ќе го пропушти Ролан Гарос – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Шарапова ќе го пропушти Ролан Гарос

Двократната шампионка, руската тенисерка се уште се бори со повредата на рамото, и вели дека вистинските одлуки не се секогаш најлесните.

Марија Шарапова го откажа настапот на Грен слем турнирот „Ролан Гарос“ поради проблеми со рамото.

Нема официјален настап од јануари, а на Инстаграм најави дека нема да учествува на францускиот турнир кој започнува на 26 мај.

– Го откажав настапот на Ролан Гарос, понекогаш вистинските одлуки не се секогаш најлесните. Позитивната вест е што им се вратив на тренинг-тестовите и полека ја изградив силата назад на моето рамо. Навистина ми недостига Париз, до следната година – рече Шарапова.

Шарапова, петкратен грен-слем победник, стигна до четвртфиналето минатата година. Таа го освои турнирот во 2012 и 2014 година.

Русинката загуби од од Ешли Барти во четвртото коло на Австралија опен во јануари и се наоѓа на 35 место на ВТА ранг-листата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close